Please upgrade your browser

Oпшти услови

  1. Добредојдовте на Vovivooo Macedonia на http://vovivooo.com/mk/ok/ („веб-страница“). Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Општи услови („Услови“). Овој документ на локалниот јазик е превод од оригиналниот документ на англиски јазик и Ви го обезбедуваме како знак на внимание. Во случај на несогласувања помеѓу преведениот документ и оригиналниот документ во случај на каков било спор, оригиналниот документ ќе биде меродавен. Доколку не се согласувате со овие услови, Ве советуваме да ја прекинете регистрацијата на оваа веб-страница или обидите да пристапите до и да ги користите услугите опфатени со овие услови. Во спротивно, прифаќате да ги користите услугите под условите утврдени во овој Договор. Овие услови може повремено да подлежат на промени, и таквите промени ќе се вршат во согласност со овие услови. Ве молиме редовно проверувајте ја оваа веб-страница за известувања за сите такви промени.

  2. Опис и видови на услуги

    Vovivooo Macedonia („Компанија„ „ние“) разви голем избор на содржински производи за забава на Вашиот мобилен телефон кои може да се преземаат, преку обичен и преку безжичен интернет, како што се, но не и ограничено на, мелодии, игри, позадини и СМС-услуги (со заедничко име „Услуги“) на одредени компатибилни мобилни уреди. Услугите кои се Ви достапни подлежат на овие услови. услугите ќе вклучуваат пристап до информации, податоци, текст, софтвер, музика, звук, фотографии, графики, видео, пораки и други материјали. услугите не подлежат на данок, сметководствено и правно мислење, мислење во врска со погодноста или профитабилноста на какви било хартии од вредност или инвестиции, здравствено или медицинско мислење, или какво било друго мислење од лична или приватна природа. услугите може да вклучуваат и пристап до содржина и услуги на независни трети страни. По соодветна регистрација и наплата, ќе Ви биде дозволено да ги преземате или поинаку да ги користите услугите преку компатибилни мобилни телефони или други компатибилни уреди. Компанијата ги нуди своите услуги
    (а) преку модел на тековна претплата
    (б) како кредитен модел со кој се нуди пакет на кредити за одреден број на поединечни преземања врз основа на обновлива (периодична) претплата и
    (в) преку еднократен (поединечен) модел на купување. Некои од моделите може да не се достапни во Вашата земја. Поконкретни информации во однос на услугите кои се нудат во Вашата земја се достапни на веб-страницата. Освен доколку е поинаку изречно назначено, информациите прикажани во услугите или во врска со услугите не се сметаат за обврзувачка понуда на компанијата, туку за покана за нарачување на услугите. Компанијата има право да ги обезбедува услугите на начинот кој го смета за најсоодветен, и ќе се обиде да обезбеди дека услугите го задржуваат стандардот пропишан со овие услови. Согласно Вашето право на надомест во согласност со овие услови, компанијата го задржува правото да ги менува или прекине, привремено или трајно, услугите кои Ви се обезбедуваат. Доколку трајно ги прекинеме услугите, ќе Ве известиме за истото.

  3. Регистрација и општ пристап до услугите

    Потребно е да имате осумнаесет години за да се претплатите на кои било од услугите. Доколку Вие не сте одговорни за плаќањето на сметката за интернет или мобилен телефон, или доколку имате помалку од осумнаесет години, Ве молиме побарајте дозвола од лицето кое ја плаќа сметката, родител, старател и/или работодавач пред да се претплатите на и/или да учествувате во услугите. Со претплатата на и/или учеството во услугите,
    (1) прифаќате и се согласувате дека, кога е потребно, сте добиле соодветна дозвола, согласност или одобрување од лицето кое ја плаќа сметката, родителот, старателот или работодавецот и
    (2) се согласувате дека Ви била понудена можност да ги прочитате и прифатите условите пред да ги користите услугите. Доколку не се согласувате; не ги користете услугите. Кога се регистрирате за и/или ги користите услугите, прифаќате и потврдувате дека сте ги прифатиле тие услови и дека се придржувате до условите кои се однесуваат на Вашата ситуација, како што е погоре наведено. Се согласувате дека секое лице кое ги бара таквите услуги е Ваш застапник со целосно овластување да постапува во Ваше име во однос на таквите услуги. Освен доколку е поинаку изречно истакнато, какви било нови или дополнителни функции кои ги прошируваат или подобруваат постојните Услуги, вклучувајќи воведување на нови Услуги, се уредени со овие услови.

  4. Обврска за регистрација; лични податоци

    На Ваше барање, компанијата може да Ве регистрира како корисник и да Ви обезбеди пристап до услугите со доделување на корисничко име и лозинка. Вие сте единствено одговорен за чувањето на тајноста на корисничкото име и лозинката. Компанијата може да ги промени корисничките имиња доделени за одредени аспекти на услугите и го задржува правото да го стори тоа (ќе бидете известени доколку тоа е неопходно). За да се гарантира безбедно користење на услугите, како и плаќање на применливите тарифи, ќе гарантирате дека во секое време личните податоци (во натамошниот текст „Лични податоци“) доставени во образецот за регистрација се точни и целосни. Доколку компанијата, по сопствено видување, смета дека личните податоци се неточни и нецелосни, компанијата има право да ја суспендира или прекине Вашата сметка и да забрани постојно и идно користење на услугите или кој било дел од истите. Вие сте одговорни за чување на тајноста на кои било лозинки и/или сметки кои Ви се издадени од страна на компанијата, и во целост сте одговорни за сите активности извршени со користење на Вашата лозинка или сметка. Се обврзувате да ја известите компанијата доколку забележите или се сомневате дека постои неовластено користење на Вашата лозинка или сметка, или дека безбедноста или заштитата на личните податоци повеќе не може да се гарантира од која било друга причина. Компанијата не може и не се смета за одговорна за каква било загуба или штета како резултат на непочитувањето на овој дел. Компанијата може да Ви обезбеди пристап до некои услуги без да се регистрирате како корисник, како што е регистрација преку Вашиот мобилен телефон за услугите. Во секој случај, Вашата идентификација се темели на средствата за идентификација кои ги сметаме за соодветни, како што е Вашиот мобилен телефонски број. Се согласувате дека таквите информации може да се собираат и откриваат на компанијата, како и да се користат во согласност со делот од овие услови „Приватност и обработка на податоци.

    1. Пристап до моделот на тековна претплата

      Моделот на тековна претплата започнува кога компанијата, на Ваше барање, Ви обезбедила пристап до услугите. Пристапот до услугите може да се обезбеди со испраќање на информативни или забавни услуги (пр. испраќање на текстуални пораки (пр. шеги, занимливости, квиз прашања) или содржина за преземање (како што се позадини, мелодии или мобилни игри)); со обезбедување на поинаков пристап до услугите (пр. со испраќање на WAP-Push линк во текстуална порака за преземање или поинакво користење на услугите на веб-страницата на компанијата). Сите договори за претплата остануваат на сила сè додека не бидат откажани и/и раскинати од Вас или од страна на компанијата во согласност со условите наведени тука. Договорите за услугите на компанијата и независни трети страни кои се достапни преку услугите започнуваат кога компанијата или третата страна ја прифатиле Вашата нарачка на истите или Ви ги обезбедиле услугите во согласност со Вашата нарачка. Договорот останува на сила сè додека не биде раскинат од Вас или од страна на компанијата во согласност со условите наведени тука.

    2. Пристап до кредитниот модел

      Тарифите за услугите се достапни на веб-страницата на компанијата. Периодичната тарифа се наплатува за секој период на претплата за кој важи договорот. Должни сте да ѝ платите на компанијата за услугите и нивното користење во согласност со ценовникот кој е на сила во времето кога ја вршите нарачката. Освен доколку е поинаку назначено, тарифите ќе се наплатуваат на Вашата сметка за безжичен телефон или ќе се одбиваат од Вашето салдо.

      Тарифите за услугите се достапни на веб-страницата на компанијата. Периодичната тарифа се наплатува за секој период на претплата за кој важи договорот. Должни сте да ѝ платите на компанијата за услугите и нивното користење во согласност со ценовникот кој е на сила во времето кога ја вршите нарачката. Освен доколку е поинаку назначено, тарифите ќе се наплатуваат на Вашата сметка за безжичен телефон или ќе се одбиваат од Вашето салдо.

      Дополнителни такси и посебни тарифи за проток на текстуални пораки/WAP/GPRS/3G на давател на безжични услуги може да се применат при Вашето користење на услугите. Кога е применливо, надоместоците може да се плаќаат и со користење на кредити, со Вашата кредитна картичка, со банкарски трансфер или преку Вашата корисничка сметка. Различните методи на плаќање се утврдуваат во текот на процесот на нарачка на услугите кои сте ги избрале. Компанијата може да Ви ги наплати и надоместоците на трети лица чии услуги се достапни преку услугите, доколку тоа е договорено со споменатите трети страни. Таквите надоместоци се наплатуваат во согласност со тарифите на таквите трети страни. Сите тарифи, вклучувајќи ги и тарифите за постојни договори за претплата, подлежат на промени по дадено известување од страна на компанијата. Компанијата навремено ќе Ве извести за таквите промени. Доколку не ги прифаќате новите тарифи (кои ќе се применуваат единствено од моментот на носење натаму), можете да ја откажете Вашата претплата и/или Вашата сметка, а откажувањето ќе влезе во сила веднаш по раскинувањето.

    3. Ваши одговорности

      За да ги користите услугите, мора да имате претплата на мобилна комуникација со давател на безжични услуги кој учествува во услугите или поинаков пристап до (мобилна) комуникациска мрежа за која компанијата ги доставува услугите, вклучувајќи пристап до услуги на давател на безжични услуги потребни за преземање на содржина и/или прием на СМС-пораки, и да извршите плаќање на сите тарифи за услуги (на давател на безжични услуги) поврзани со таквиот пристап. Мора да имате функционална интернет-врска инсталирана на Вашиот мобилен телефон (пр. WAP, GPRS, UMTS). Вашиот мобилен телефон мора да има опција за прием на текстуални пораки, мелодии, мобилни игри, видео и/или графика во боја. Покрај тоа, Вашиот мобилен телефон мора да има интернет за да може да презема мелодии, мобилни игри, видеа, графика во боја или други услуги кои се преземаат. Компанијата нема да врши рефундирање доколку преземате или се обидете да преземате услуги на некомпатибилни телефони или даватели на безжични услуги, или доколку Вашиот мобилен телефон нема интернет. За упатства, посетете ја веб-страницата на давателот на безжични услуги или веб-страницата на производителот на Вашиот телефон. Покрај тоа, мора да ја имате опремата и софтверот неопходни за поврзување со услугите. Имате одговорност да обезбедите дека опремата и/или софтверот не го попречуваат и/или нарушуваат работењето на компанијата. Компанијата има право веднаш да ја исклучи од услугите секоја опрема или софтвер кој предизвикува попречување и веднаш да го раскине Договорот. услугите се единствено за професионална намена и не може да се пренесуваат или отстапуваат на кој било друг мобилен телефонски број, лице или субјект, ниту пак смеете да му овозможите на кое било друго лице пристап до Вашите услуги, директно или индиректно. Какво било однесување или активност за кои сметаме дека ограничуваат или попречуваат кој било друг корисник во пристапот, користењето или уживањето на услугите е забрането. Се согласувате да ги користите услугите единствено за законски дозволени цели.

  5. Права на интелектуална сопственост

    Освен каде што е поинаку наведено тука, правата на и интересот во која било интелектуална сопственост, сопственички права или други права поврзани со нематеријална сопственост кои се користат, развиваат, претставуваат составен дел од или се опфатени од, или се применуваат во врска со кои било од услугите („Права на интелектуална сопственост на компанијата“) се во сопственост на компанијата или нејзините даватели на лиценци и се согласувате дека нема да полагате право на интерес во или сопственост на таквите права на интелектуална сопственост на компанијата. Компанијата со ова одобрува, и Вие прифаќате, лична, ограничена, непренослива, не- ексклузивна, отповиклива и неотстаплива лиценца и дозвола за преземање и користење на услугите на назначен компатибилен мобилен уред единствено за Ваша лична, некомерцијална употреба. Понатаму, се согласувате и прифаќате дека не смеете да ги менувате, давате и земате под закуп, давате и земате на заем, продавате, дистрибуирате, креирате или генерирате услугите и/или правата на интелектуална сопственост на компанијата, освен во случај кога компанијата Ви дала изречна или имплицирана писмена дозвола за тоа. Прифаќате дека не Ви се пренесува никаква сопственост на правата на интелектуална сопственост на компанијата, и дека не добивате какви било права, изречни или имплицирани, на услугите, освен правата кои Ви се изречно доделени во овие услови. Прифаќате дека сите марки кои се јавуваат во услугите припаѓаат на компанијата, или на соодветните сопственици на таквите марки, и дека истите се заштитени со домашни и меѓународни закони за трговски марки и авторски права. Какво било користење на марките кои се јавуваат во услугите без изречна писмена согласност на компанијата или на сопственикот на марката, како што е соодветно, е строго забрането. Vovivooo Macedonia е трговка марка на компанијата. Услугите може да се преземат само еднаш и не смеат да се пренесуваат, продаваат, дистрибуираат, прикажуваат, изведуваат, копираат, менуваат или користат на каков било начин, во дел или целосно, освен како што е предвидено со овие услови. Гарантирате дека ќе го користите единствено интерфејсот обезбеден од компанијата за пристап до услугите. Се согласувате дека имателите на права, кои ѝ даваат дозвола на компанијата за користење на нивните музички и други содржини во услугите, се опфатени во таа смисла од опсегот на заштита на овој Договор, и дека и тие се овластени да ги спроведуваат одредбите од овој Договор кои директно се однесуваат на нивната содржина. Знаете дека користењето на музички дела е предмет на условите за користење наведени подолу. Не смеете да ѝ дозволите на трета страна да ги копира, менува, репродуцира, пренесува, дистрибуира или користи на каков било начин музичките дела кои Вие ги користите или добивате, надвор од тесните границите кои ги дозволуваат авторските права. Се обврзувате веднаш да ја известите компанијата за секаква неовластена употреба. Сите права, кои не Ви се изречно доделени со овој Договор, ги задржува компанијата и/или нејзините даватели на лиценца.

  6. Приватност и обработка на податоци

    Прифаќате дека компанијата собира и обработува „Лични податоци“ (т.е. информации кои може да се користат за контакт со Вас или информации кои Вие сте ги доставиле, како што се полно име и презиме, поштенска адреса, пол, возраст, мислења, процени, знаење, телефонски број и адреса на електронска пошта), „финансиски информации“ (т.е. број на кредитна картичка, податоци за банкарска сметка или лозинки) или „демографски и информации за користење“ (т.е. информации кои Вие ги поднесувате, или кои ние ги собираме, кои не се лични ниту финансиски информации, туку неопходни за соодветно функционирање и наплата на нашите услуги, како што се датумот на почетокот, крајот и степенот на Вашето користење на услугите), предмет на остатокот на овој став заради функционирање на оваа веб-страница (со заедничко име „Лични податоци“) и предмет на условите утврдени во Изјавата за приватност која претставува интегрален дел од овие Општи услови. Компанијата придава голема важност на приватноста на своите корисници; меѓутоа, Вашите лични податоци може да ги проследиме до Вашиот давател на безжични услуги или давателот на комуникациски услуги за да обезбедиме наплата на тарифи. Понатаму, Вашите лични податоци може да ги проследиме и до владини агенции, вклучувајќи, но не и ограничено на, судови и јавни обвинителства, заради судски постапки и спречување на криминал. Личните податоци собрани од страна на компанијата може да се складираат и обработуваат во Холандија или во која било друга земја во која компанијата или нејзините агенти ја вршат својата дејсност. Со користење на услугите, се согласувате на каков било таков пренос на лични податоци надвор од Вашата земја. Вашите лични податоци ќе бидат избришани не подоцна од шест месеци по прекинувањето на Вашата претплата. Компанијата може да ги складира Вашите лични податоци и по тој датум доколку тоа е пропишано со закон или предвидено во договор. Компанијата ќе постапува во согласност со важечките закони при одобрување на пристап на поединци до нивните личните податоци и, кога е соодветно и на барање, при корекција или бришење на нивните лични податоци.

  7. Откажување од гаранции и ограничување на одговорност

    Компанијата, нејзините директори, службеници, вработени, набавувачи и агенти („Страни кои обезбедуваат услуги“) се откажуваат од секаква одговорност за каква било штета која произлегува од Вашето користење на услугите. Изречно прифаќате и се согласувате дека услугите се обезбедуваат во формата во која се понудени и врз основа на достапност, без какви било гаранции. Страните кои обезбедуваат услуги изречно се откажуваат, до степенот дозволен со закон, од сите гаранции, независно дали изречни, имплицирани, законски или поинакви, во однос на услугите, вклучувајќи ги, без ограничувања, имплицираните гаранции на сопственост, продажност, погодност за одредена намена, и непрекршување на сопственички права. Страните кои обезбедуваат услуги се откажуваат од секакви гаранции кои се однесуваат на безбедноста, сигурноста, навременоста и извршувањето на услугите. Страните кои обезбедуваат услуги не гарантираат дека услугите ќе ги исполнат барањата или дека функционирањето на услугите ќе биде непречено и без грешки. Никаков совет или информација, дадени усно или во писмена форма, добиени од нас или преку нашите услуги, нема да претставуваат гаранција која не е изречно дадена. Не смеете да се потпирате на таквите информации или совети. Прифаќате и се согласувате дека ги преземате и/или користите услугите, содржината, софтверот и веб-страниците по сопствено убедување и на сопствен ризик, и дека ќе бидете единствени одговорни за каква било штета на Вашиот компјутерски систем, мобилен телефон или загуба на податоци како резултат на користењето на услугите. Освен во надлежности каде таквите одредби се ограничени, се согласувате дека целосната одговорност на компанијата кон Вас или кое било трето лице, и ексклузивниот правен лек кој Вие или која било трета страна го имате на располагање, по законот или по правилата на правичност, или поинаку, во однос на услугите обезбедени според овој Договор и/или за какво било прекршување на овој Договор, е единствено ограничена на износот кој сте го платиле за таквите услуги за времетраењето на овој Договор. Освен во надлежности каде таквите одредби се ограничени, страните кои обезбедуваат услуги не се одговорни за каква било директна, индиректна, случајна, посебна, примерна, казнена, предизвикана од трета страна или последична штета (вклучувајќи штета од загуба на деловна добивка, прекин на деловна дејност, загуба на деловни информации и слично) како резултат на Вашето користење, злоупотреба или неспособност за користење на услугите, содржината, софтверот и веб-страницата, дури и ако компанијата била известена за можноста од таква штета, до степенот до кој земјата не дозволува исклучување на одговорноста, како што е тука наведено, одговорноста на компанијата е ограничена на степенот дозволен со закон во секоја земја.

  8. Обештетување

    Се согласувате да ја обештетите и да ја ослободите од одговорност компанијата и нејзините матични компании, членови, подружници, содружници, даватели на услуги, изведувачи, агенти, даватели на лиценци, службеници, директори, акционери и вработени, за каква било загуба, одговорност, барање или спор, вклучувајќи разумни адвокатски трошоци, извршени од која било трета страна како резултат на или во врска со
    (а) Вашето користење на услугите, и
    (б) прекршување на Вашите изјави и гаранции наведени во овие услови. Вие ќе ги платите сите трошоци, штети и издатоци, вклучувајќи ги, без ограничување, адвокатските трошоци и трошоците наметнати врз или поинаку направени од страна на компанијата во врска со или како резултат на какво било такво барање, тужба, спор или друга постапка.

  9. Прекинување и откажување на услугите; право на повлекување

    За да ја прекинете претплатата на услугите по пат на текстуална порака, испратете Stop на 141777 или испратете електронска порака на : cloud.mk@silverlines.info. Во првиот случај, прекинувањето ќе настапи веднаш по приемот на барањето за прекинување. Во вториот случај, откажувањето ќе настапи во рок од 48 часа од приемот на барањето за прекинување. услугата може да се прикаже на сметката на Вашиот давател на безжична услуга и следниот месец бидејќи се наплаќа ретроактивно.

    Се согласувате дека компанијата, по сопствено видување, може во кое било време да го прекине Вашето користење на услугите и да ја отстрани содржината од таквите услуги, доколку
    (1) компанијата смета дека сте ги прекршиле или сте постапувале спротивно на условите;
    (2) не извршите плаќање на тарифите во периодот наведен во претплатата за мобилен телефон склучена со Вашиот оператор;
    (3) тоа изречно се побара од операторот или
    (4) кој било закон, регулативи, директиви или владини дејства ги прават сите или дел од услугите незаконски или непрактични. Се согласувате дека компанијата нема да биде одговорна кон Вас или која било трета страна за какво било прекинување на Вашиот пристап до услугите. Доколку ја откажете Вашата сметка или претплата од која било причина, компанијата нема да Ви ги рефундира веќе платените тарифи, освен како што е изречно предвидено во која било одредба од овие услови.

    Клиентите во Европската унија и некои други земји може да имаат законско право да се повлечат од договорот по истекот на најмалку седум работни дена од ефективниот датум на договорот („Период на повлекување“). Компанијата го утврди периодот на повлекување за Вас на четиринаесет работни дена, под услов, сепак, Вашето право на повлекување веднаш да престане доколку Ви е обезбеден пристап до услугите пред истекот на периодот на повлекување. За да се повлечете од договорот во рамките на периодот на повлекување, испратете известување за престанок преку електронска пошта на : cloud.mk@silverlines.info или преку редовна пошта на Ocean Cloud PTE. LTD 137 Market Street #06-00 Grace Global Raffles Singapore (048943). кое мора јасно да го наведува Вашето име, адреса и телефонски број, и да биде испратено во рамките на периодот на повлекување.

  10. Разни одредби

    Известувања и објави. Освен како што е изречно поинаку предвидено тука, сите известувања до компанијата ќе бидат во писмена форма и испорачани на следната адреса: Ocean Cloud PTE. LTD 137 Market Street #06-00 Grace Global Raffles Singapore (048943). Кога пристапувате кон или ги користите услугите или испраќате СМС, електронски пораки или други слични дописи во компанијата, со нас комуницирате по електронски пат и со тоа се согласувате да добивате дописи од компанијата по електронски пат. Се согласувате дека сите договори, известувања, откривања и други дописи кои Ви ги доставува компанијата по електронски пат ги задоволуваат сите законски или договорни барања дека таквите дописи треба да бидат во писмена форма. Освен како што е предвидено во делот “Прекинување и откажување на услугите; право на повлекување“, известувањата испратени по пошта се сметаат за примени седум дена по нивното испраќање, додека известувањата објавени на веб-страницата на компанијата или испратени по електронска пошта или како текстуална порака се сметаат за примени на следниот работен ден по денот на нивното објавување или испраќање. Отстапување. Не смеете да го отстапување или пренесувате на каков било друг начин договорот или кои било од Вашите договорни права. Компанијата има право да ги отстапи своите права и обврски според овој Договор и кои било побарувања врз основа на овој Договор на трета страна со писмено известување до вас, под услов таквото отстапување да се изврши според услови кои се подеднакво задоволителни за Вас како и условите содржани во овие услови. Промена на условите. Прифаќате и се согласувате дека овие услови подлежат на промена од страна на компанијата во кое било време, и истите влегуваат на сила по нивното објавување на веб-страницата. Какво било користење на услугите по таквото објавување претставува прифаќање на таквите промени од Ваша страна. Други услови, договорот во целост. Овие услови се дополнение на кои било услови на компанијата или трета страна применливи на услугите, кои може да бидат објавени во врска со таквите услуги („Посебни услови“). Во случај на какво било несовпаѓање помеѓу условите и таквите посебни услови, вторите ќе бидат меродавни. Овие услови и кои било друго услови или документи споменати тука го претставуваат договорот помеѓу Вас и компанијата во целост во однос на Вашето користење на услугите. Прифаќате и се согласувате дека, освен кога е изречно наведено тука, овој Договор нема за цел да пренесува и не пренесува какви било права или правни лекови на кое било лице освен страните на овој Договор. Салваторна клаузула. Доколку кој било дел од овој Договор се смета за невалиден или неспроведлив, тој дел се толкува на начин конзистентен со важечкиот закон со цел да ги одрази, колку што е можно поблиску, првичните намери на страните, додека преостанатите делови остануваат во полна сила и дејство Откажување. Секој случај кога компанијата не води каква било достапна тужба или одбрана во согласност со овој Договор или поинаку, нема да претставува откажување од таквата тужба или одбрана. Заглавијата кои се користат во овие услови се единствено заради олеснување, и нема да имаат влијание врз толкувањето или правната спроведливост на условите наведени тука. Преостанати одредби. Во случај овој Договор да биде раскинат како што е тука предвидено, деловите кои поради нивната природа се толкуваат како одредби кои преостануваат, преостануваат и по таквото истекување или раскинување. Владејачко право и надлежност. Овој договор и Вашето користење на веб-страницата и услугите се уредени и толкувани во согласност со законите на земјата во која се нудат услугите. Примената на Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки изречно се исклучува.