Please upgrade your browser

Изјава за приватност

  • Оваа Vovivooo Macedonia веб-страница, вап-страница или која било друга Vovivooo Macedonia веб-страница („Локациите“) се во сопственост на и се управувани од или во име на Ocean Cloud PTE („Компанија“, „контролор на податоци“, „ние“, наши/-а/-е/-и“, „нас“ или “нам“). Со користењето на страниците и услугите, се согласувате Вашите лични податоци да се собираат, обработуваат, користат и откриваат од наша страна во согласност со Политиката за приватност, која може повремено да се менува од која било причина. Оваа Политика за приватност ги објаснува начините на кои може да ги собираме, обработуваме, користиме и, во посебни околности, откриваме Вашите лични податоци во согласност со сите важечки закони. Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност и, доколку имате прашања, слободно стапете во контакт со нас. Доколку не се согласувате со условите од оваа Политика за приватност, тогаш не ги користете услугите кои се обезбедуваат преку интернет, страниците или услугите на куси пораки за мобилна забава и информации (со заедничко име „Услугите“) и/или не земајте учество во какви било квизови, наградни игри, кампањи, итн. кои се нудат на страниците. „Лични податоци“, како што се користи во оваа Политика за приватност, значи информации за поединец кој може да се идентификува, како што е дефинирано во важечките закони за приватност. Личните податоци може да го вклучуваат Ваше име, домашна адреса, домашен или мобилен телефонски број, домашна адреса од е-пошта, возраст, етничка припадност, приход, преференции и ставови, но не вклучуваат име, звање или деловна адреса или телефонски број на вработен на организација. Во случај кои било од личните податоци кои сте ги дале да се карактеризираат како „чувствителни податоци“ (како што се, но не и ограничено на, информации во однос на Вашата расна или етничка припадност, политичка определба, сексуална определба или религија), изречно се согласувате дека можеме да ги обработиме таквите податоци во согласност со оваа Изјава за приватност. Меѓутоа, истакнуваме и гарантираме дека нема да пренесуваме какви било чувствителни податоци на трети лица за потребите на директен маркетинг.

  • Промени на оваа политика за приватност

    Го задржуваме правото, по сопствено видување, да ги менуваме условите од оваа Политика за приватност. Сите суштински промени ќе видат веднаш објавени на оваа страница и Ве советуваме редовно да ја проверувате оваа страница заради преглед на какви било промени на оваа Политика за приватност. Доколку продолжите да ги користите услугите по какви било промени на оваа Политика на приватност, ќе се смета дека сте ги прифатиле таквите промени

  • Какви информации собираме

    За да ги обезбедиме сите наши услуги, може да ги побараме следните видови на лични податоци:

    A: ПОСЕБНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИЕ ГИ ДОСТАВУВАТЕ
    Кога се пријавувате за кои било од нашите услуги или учествувате во која било од нашите понудени промоции кои изискуваат регистрација, бараме да оставите лични податоци (како што се Вашето име, мобилен оператор и мобилен телефонски број).

    Б. ИНФОРМАЦИИ НА ЗАПИС
    Кога пристапувате кон нашите услуги и заради поддршка на Вашата посета на веб-страниците кои се контролирани од нас или во наше име, нашите сервери автоматски запишуваат податоци кои не се лични податоци за идентификација а кои Вашиот прелистувач ги испраќа секогаш кога ќе посетите веб-страница. Ваквите записи на серверот може да вклучуваат, без ограничување, податоци како што се Вашето веб-барање, адреса на интернет протокол, MSISDN (број на дигитална мрежа на интегрирани услуги на мобилна станица), вид на прелистувач, јазик на прелистувач, датум и време на Вашето барање. Покрај тоа, може да се додели и „Колаче“ (мала единствена текстуална датотека за идентификација). На пример, колачињата може да ја складираат Вашата лозинка заради лесно пријавување на страница која претходно сте ја посетиле, или може да ги зачуваат Вашите преференции и опции за претплата за персонализирана почетна страница. Реклами на трети страни кои се прикажуваат на нашите страници може исто така да содржат колачиња поставени од страна на компаниите за рекламирање преку интернет или огласувачи. Ние не ги контролираме таквите колачиња и посетителите на нашите страници треба да ја проверат политиката за приватност на огласувачот за да видат дали и како се користат колачињата. Може да го програмирате својот компјутер да Ве предупредува секогаш кога Ви е испратено колаче или воопшто да не прифаќа колачиња. Меѓутоа, без колачиња, може да немате пристап до одредени функции на нашите страници, како што е страницата за опции на претплата.

    В. ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ И ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
    ога испраќате електронска порака или друга форма на комуникација до нас, како што се податоците кои ги поднесувате, или оние кои ние ги собираме, кои не претставуваат вистински лични или финансиски податоци туку податоци неопходни за соодветно функционирање и наплата на нашите услуги, како што се податоци во однос на договорот помеѓу нас, податоци во однос на почетокот, крајот и опсегот на Вашето користење на нашите услуги, може да ги задржиме тие комуникации (вклучувајќи кои било лични податоци содржани во истите) со цел обработка на Вашите прашања, одговор на Вашите барања и подобрување на нашите услуги. Г. ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
    Финансиски податоци како броеви на кредитни картички, податоци за банкарски сметки или лозинки.

  • Користење на лични податоци

    Вашите лични податоци единствено ги користиме за целите опишани во оваа Политика за приватност и/или во дополнителните известувања за приватност за поедини услуги. Таквите цели вклучуваат:
    а. обезбедување, наплата и функционирање на нашите услуги, промоции, квизови, наградни игри, кампањи, итн., вклучувајќи приказ на прилагодена содржина и рекламирање;
    б. ревизија, истражување и статистичка анализа заради одржување, заштита и подобрување на нашите услуги;
    в. обезбедување на техничко функционирање на нашата мрежа;
    г. заштита на нашите права на (интелектуална) сопственост или сопственоста на нашите корисници;
    д. развој на нови услуги.
    Изречно се согласувате дека Вашите лични податоци ќе може да ги користиме за да Ве известуваме за нашите услуги и промоции. Може да Ве контактираме преку електронска пошта, телефон, СМС или сличен електронски пат. Нема да собираме, користиме или откриваме Ваши лични податоци за какви било други цели освен оние опишани во оваа Политика за приватност и/или во дополнителните известувања за приватност во врска со услугите, освен доколку сме добиле Ваша претходна согласност или сме поинаку овластени или обврзани со закон да го сториме тоа. За целите опишани во оваа Политика за приватност, како и заради ажурирање на Вашиот личен профил, може да ги комбинираме сите Ваши лични податоци кои сме ги собрале.

  • Како ги откриваме вашите лични податоци?

    Не ги продаваме или поинаку пренесуваме Вашите лични податоци на трети лица, освен како што е утврдено во оваа Политика за приватност. Нема да ги откриеме Вашите лични податоци на трети лица, освен доколку:
    а. за таквото откривање сте поинаку известени при поднесувањето на Вашите лични податоци и/или во дополнителните известувања за приватност во врска со услугите; b. таквото откривање е пропишано со закон или судски налог од надлежен суд или во случај добронамерно да сметаме дека таквото откривање е неопходно заради заштита или одбрана на нашите права и сопственост;
    в. таквото откривање е неопходно за давателите на услуги ангажирани од наша страна да ги извршуваат своите функции или да ни обезбедуваат услуги, како што се рекламни, промотивни и логистички услуги, истражување на пазарот, администрација на веб-страница, обработка на податоци, информатичка технологија и канцелариски услуги, под услов таквите организации или поединци да не ги собираат, користат или откриваат личните податоци за какви било цели освен за да ги извршуваат таквите функции или да ни обезбедуваат услуги;
    г. личните податоци се вклучени во трансакција за продажба или обезбедување на некои или сите наши средства, единствено заради овозможување и извршување на таквата трансакција. Откако трансакцијата ќе се финализира, ќе Ве известиме. Сопственоста и контролата врз Вашите лични податоци ќе ги пренесеме на третата страна, согласно сите услови и ограничувања од оваа Политика за приватност; и
    д. ќе назначиме трети страни („обработувачи на податоци“) кои ќе обработат дел од Вашите податоци во наше име. На Ваше барање, ќе Ви доставиме листа на таквите трети страни.

  • Само за полнолетни лица

    Нити услугите нити страниците не се наменети за користење од страна на малолетни лица. Нема да собираме какви било лични податоци за идентификација доколку знаеме дека истите се поднесени од страна на малолетни лица. Штом ќе бидеме известени дека податоците кои сме ги собрале биле поднесени од страна на малолетно лице без согласност од родител, веднаш ќе ги избришеме таквите податоци.

  • Други локации

    Оваа Политика на приватност се однесува единствено на нашите услуги и промоции. Немаме контрола врз страници кои се прикажуваат како резултати од пребарување, страници кои вклучуваат наши апликации, производи или услуги, или линкови од нашите разновидни услуги. Ваквите други страници може да постават сопствени колачиња или други датотеки на Вашиот компјутер, да собираат податоци или да бараат лични податоци од Вас. Ваквите други страници имаат сопствени политики во однос на колачиња и собирање и користење на лични податоци. На Вас е да ги проверите таквите политики.

  • Безбедност

    Заштитата на Вашите лични податоци е важна за нас. Ја користиме стандардната технологија на индустријата за да ја заштитиме безбедноста на Вашите лични податоци. За жал,не може да се гарантира 100%-на безбедност за ниту еден пренос преку интернет и мрежите на мобилна комуникација. Како резултат, иако се обврзуваме да ги заштитиме Вашите лични податоци, не можеме да ја обезбедиме или гарантираме безбедноста на сите информации кои ги испраќате до или преку нас. Во моментот, личните податоци кои ги собираме се складираат на компјутери кои се наоѓаат во Холандија. Заради обработка, како што е опишано во оваа Политика за приватност, може да ги пренесеме личните податоци во други земји надвор од Европската економска област (ЕЕА) или надвор од Вашата матична земја, каде законите за заштита на податоци може да се разликуваат од оние во ЕЕА или од јурисдикцијата на Вашата земја. Согласно важечките закони во такви други јурисдикции, ќе обезбедиме постоење на соодветна заштита која ќе го обврзува обработувачот на податоци во таа земја да обезбеди заштита на лични податоци еднаква на онаа која се применува во ЕЕА или во земјата во која живеете. Покрај тоа, доколку ги користите нашите услуги додека сте надвор од ЕЕА, Вашите податоци може да се пренесат надвор од ЕЕА за да Ви се обезбедат тие услуги. Со прифаќањето на оваа Политика за безбедност исто така се согласувате Вашите лични податоци да бидат пренесени надвор од ЕЕА или од земјата во која живеете за целите опишани погоре.

  • Пристап до вашите лични податоци

    Имате право на пристап до и корекција на личните податоци кои сте ни ги обезбедиле, како и на промена на Вашите преференции. Може да испратите електронска порака на адресата наведена подолу или на страниците и/или преку нашите услуги и да наведете дали сакате Вашите лични податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, како и дали сакате да ги откажете известувањата од нас или од трети страни промотори и деловни партнери. Бришењето на Вашите лични податоци или откажувањето на приемот на известувања од нас или трети страни ќе ги избрише податоците единствено во нашата база на податоци заради постапување по идни известувања од нас или трети страни. Таквите бришења нема да ги избришат личните податоци кои се веќе собрани и споделени со трети страни, како што е предвидено во оваа Политика за приватност. Ќе треба да побарате од третите страни кои може директно да Ви се обратат да ги избришат Вашите лични податоци кои ги користат за да стапат во контакт со Вас.

  • Информации за контакт

    Вашите коментари во однос на оваа Политика за приватност се добредојдени. Доколку имате какви било прашања, сакате да пристапите до или да ги корегирате Вашите лични податоци, или доколку сметате дека не сме постапиле во согласност со оваа Политика за приватност, Ве молиме обратете ни се на следната адреса на електронска пошта: cloud.mk@silverlines.info.